Вести Свет

(Фото) Оштетениот руски „Сојуз“ слета на Земјата – пред три месеци почна да губи средство за ладење по удар на метеорит

Оштетената руска капсула „Сојуз МС-22“ денеска слета на Земјата, три месеци откако почна да истекува средство за ладење од леталото, додека беше споена на Меѓународната вселенска станица.

Модулот без екипаж го заврши двочасовното враќање на Земјата, слетувајќи на неколку километри од космодромот Бајконур во Казахстан од каде Русија ги лансира своите вселенски летала.

Истекувањето на средство за ладење е веројатна последица на удар на метеорит, поради што температурата во капсулата во еден момент достигна 30 степени целзиусови.

Русија во минатата недела испрати резер4вна капсула на Меѓународната вселенска станица и реши да го врати „Сојуз МС-22“ на Земјата.

Двајца руски и еден американски космонаут, кои требаше да се вратат во март, ќе останат на Меѓународната вселенска станица до септември. Капсулата се врати на Земјата со товар од 218 килограми, вклучувајќи и резултати од научните експерименти и опрема од станицата која повторно ќе биде користена во други мисии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе