Култура

Дела со теми исклучени од доминантната политика на изложбата „ Сè што ни е заедничко“

Во Музејот на современа уметност на 8 ноември ќе биде отворена изложбата „Сè што ни е заедничко“. На неа ќе бидат прикажани дела од уметници Роми, чии теми се надвор од доминантниот политички дискурс. Изложбата  е организирана во рамки на 14. Европско номадско биенале за современа уметност – Манифеста . А, куратори се Мустафа Асан, Мо Диенер, Мира Гаќина и Јованка Попова.

Музејот на современата уметност  е лоциран на простор кој е органски дел од градската целина, во која со години живее ромската заедница, која често е предмет на политичко и општествено исклучување, погрешно претставување, шпекулации и предрасуди.

  • Темите со кои се занимаваат уметниците Роми во оваа поставка отвораат различни прашања поврзани со системското насилство врз Ромите и останатите маргинализирани заедници, кризата на идентитетските политики, родова нееднаквост, војна, мигранската криза, холокаустот во однос на денешните светски ултранационалистички политички идеологии, потребата од различна политика на грижа. Целта на изложбата е да ја прошири политичката имагинација надвор од стереотипните претстави и преку споделено знаење од меѓународно познати и домашни уметници да артикулира поинакви начини на себепретставување и да ги централизира и направи видливи игнорираните и недостапни маргинализирани наративи за Ромите“, велат кокуратирките Гаќина и Попова.

Уметници чии дела ќе бидат претставени на изложбата се: Дилејн Ле Бас (Англија), Ахмет Кадри (Северна Македонија), Сеад Казанџиу (Албанија), Лубош Котлар и Роберт Габрис (Словачка), Рома Џем Сешн Уметнички Колектив, Мо Динер, Милена Петровиќ (Северна Македонија/ Швајцарија/Србија), Нихад Нино Пушија (Босна и Херцеговина/Германија), Андре Јено Рацш (Германија), Емилија Ригова (Словачка), Цеија Стојка (Австрија), Ден Тарнер (Англија) и  Дурмиш Ќазим (Северна Македонија).

Изложбата „ Сè што ни е заедничко“, ќе биде отворена до 20 февруари 2023 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за култура разрешува членови на Управни одбори кои ги прифатиле приговорите за мартовските плати

Дејан Дејан

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе