Вести Македонија Топ вести

Тројца осомничени за обид за убиство во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против тројца осомничени – двајца браќа и нивен пријател – за обид за убиство за инцидентот кој се случил на 1 јуни пред фитнес клуб во Чаир, кога по вербална расправија што прераснала во физички напад со нож било повредено едно лице во коленото, стомакот и градите, а при тоа повредени биле и уште две други лица кои се обиделе да му помогнат.

Според информациите осомничените се познавале меѓусебно, а Обвинителството се сомнева дека дејствувале со умисла.

Надлежните институции, вклучително и судот, треба да утврдат дали постои повторување на делото или евентуална поврзаност со други инциденти.

Истражната постапка е во тек, а за тројцата осомничени е предложена мерка притвор поради ризик од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на нарачки во македонските конфекции

Дејан Дејан

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе