Вести Македонија Топ вести

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Работилниците против врсничко насилство беа наменети за родителите во Струга и во Охрид, во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

На двете едукативни средби, родителите имаа можност да разговараат со психологот Деспина Стојановска, а водител беше актерот Сашко Коцев.

На работилницата во Струга говорници беа Дејана Чекареска, директор во О.О.У. ,,Јосип Броз Тито” и Албана Жута, директор во О.О.У. ,,Браќа Миладиновци” додека во Охрид говорници беа Николина Трпоска, родител и наставник во О.О.У. ,,Григор Прличев” и Алберта Гуциловска, психолог во гимназија „Климент Охридски”.

Овие работилници се 16 и 17 по ред што „Макпетрол“ ги овозможува за родителите во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“. За булингот се дискутираше во општините Гази Баба, Гевгелија (со Валандово, Дојран и со Ново Село), Илинден и Петровец, Бутел и Чучер-Сандево, како и во Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка. Вакви едукативни средби се одржаа и во Штип, каде што учествуваа граѓани и од Свети Николе, потоа и во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, на која присуствуваа и граѓани од Виница и од Берово.

Преку работилниците, родителите добиваат простор за подобро да се запознаат со најразличните аспекти на проблемот со врсничкото насилство, и особено, со начините на кои што тој влијае врз развојот на децата. Меѓу темите за кои што се дискутира се и препознавањето на случаите со булинг, но и пристапот што треба да се примени во нивното разрешување. Освен за стручниот аспект, родителите со психологот можат да разговараат и доколку имале лично искуство со овој проблем. Дел од средбите се и претставници на стручните служби на училиштата во општината, кои при случаи на врсничко насилство работат со учениците.

„Макпетрол“ потпиша меморандуми за соработка со 26 општини кои што се приклучија и ги поддржаа активностите од општествено одговорната кампања. Во првата фаза од „Крени глас против врсничко насилство“ беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Централен дел на кампањата е интернет-страницата kreniglas.mk. Оваа веб-платформа содржи многу информации, едукативни материјали, како и можност за анонимно споделување лични приказни поврзани со булингот.

Општествената одговорност е еден од најзначајните стратешки приоритети на „Макпетрол“, на чија што реализација компанијата посветено работи низ годините. Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ има за цел да поттикне дискусија и да го зголеми интересот во јавноста за проблемот со булингот. „Макпетрол“ и во иднина ќе работи на планот на општествената одговорност, а голем дел од овие активности и натаму ќе биде посветен на младите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе