Вести Македонија

Весна Јаневска: Наша цел е УКИМ да се вброи меѓу 1.000 најдобри светски универзитети

Наша цел е УКИМ да јакне и да се вброи на листата на 1.000 најдобри универзитети во светот. Тоа им го должиме на патроните на универзитетот. Ова го кажа министерката за образование и наука, Весна Јаневска на свеченоста со која најстариот универзитет во Македонија одбележа 76 години од основањето и го прослави утрешниот празник на неговите патрони, сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

А, ректорката на универзитетот, Биљана Ангелова, истакнувајќи ги досегашните постигнувања на УКИМ, кажа дека ќе се посветат на посилна соработка со стопанството, ќе создадат услови младите истражувачи да останат во земјава и ќе ги подобрат наставните програми.

„УКИМ гради млади луѓе кои се подготвени за предизвиците на новото време. Но, цел на сите нас е овој универзитет и натаму да се јакне, да јакне и да се вброи на листата на 1000 најдобри светски универзитети. Тоа им го должиме на патроните на универзитетот и основоположниците на словенската писменост, како и на сите нивни уценици“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

„Во следниот период нашата посветеност ќе биде насочена уште кон неколку приоритети. Зголемување на уделот на практичната компонента во наставата и посилна соработка со стопанството и јавните институции. Поддршка на младите истражувачи и креирање услови тие да останат и да напредуваат во нашата земја. Подобрување на наставните програми, со фокус на интердисциплинарност, дигитални вештини и општествена одговорност и одржливост во секоја смисла“, рече Биљана Ангелова, ректорка на УКИМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калас најави можност за надминување на блокадата од Бугарија, Мицкоски побара фер третман

Дејан Дејан

Трамп се закани со 50% царини за ЕУ и 25% за производите на Епл

Дејан Дејан

Куќен притвор за двајцата поранешни директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе