Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас, која е на турнеја низ балканските земји, пред да пристигне во Скопје од Белград порача дека ја разбира фрустрацијата, но политичкиот момент за проширувањето на ЕУ е сега, а Западен Балкан треба да ја зграпчи шансата.
Мисијата е со цел да ги охрабри земјите кандидати на патот кон Унијата. Ден пред нејзиното пристигнување во Скопје, премиерот Мицкоски порача дека е убеден дека ќе се најдат решенија и дека ЕУ ќе најде механизми за земјата да го добие заслуженото место во Унијата. Тој денеска ќе има тет-а-тет средба со Калас.