Вести Македонија

Препораките на омбудсманот остануваат само на хартија – институциите не постапуваат

Повеќе од 2.700 граѓани лани побарале заштита од Народниот правобранител поради проблеми со лични документи, постапки од извршители и наплата на комунални услуги. Според омбудсманот Насер Зибери, институциите најчесто реагираат на посебните претставки, но препораките кои би решиле системски проблеми се игнорираат.

Во делот на спроведување на посебните препораки кои се врзани за претставките сме задоволни од институциите. Надлежните соодветно реагираа. Секако не реагираат сите за кратко време и со добар квалитет. Но, кога се работи за општите препораки кои произлегуваат од годишниот извештај сме целосно незадоволни од работата на Собранието и Владата, изјави Насер Зибери, народен правобранител.  

Според Зибери главниот проблем е тоа што Собранието со големо доцнење го разгледува годишниот извештај на Народниот правобранител, по што Владата не презема обврска да ги спроведува препораките и не поднесува отчет за своето постапување.

Тука се неколку иницијативи за измени на закони. Предлози за подобрување на состојбата во затворите, предлози за подобрување на работата на извршителската служба и неколку други препораки кои за жал Собранието со задоцнување ги остварува, а Владата не постапува, додаде Зибери.

Поради ваквиот однос на институциите, омбудсманот предупредува дека истите препораки се повторуваат од година во година. Минатата година народниот правобранител постапил по 3.120  претставки, а голем дел од нив биле останати од минатата година.

 Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе