Вести Македонија Најважни

Повредените во пожарот во Пулс и нивните семејства молат за помош од државата, власта купува време

Дел од родителите си даваат откази од работни места за да се грижат за своите повредени деца во пожарот во дискотеката Пулс Кочани, се затвораат и дуќани, семејни бизниси од страна на повредените додека им трае процесот на рехабилитација.

Деновиве од кочанскиот регион се слушаат и гледат траорни сведоштва од повредните и од родителите. Велат дека помош им е потребна во финансии, но и подобри услови во кочанската болница.

Власта и опозицијата денеска со нови ветувања дека ќе им помогнат. Премиерот, Христијан Мицкоски од Желино порача дека имаат организиран пристап, со цел да им се помогне на семејствата на повредените.

Опозициската СДСМ денеска од македонското собрание порача дека повторно во редовна постапка ќе го поднесат Законот за помош на семејствата кои имаат загинато или повредени деца, а кој не е политички, туку е човечки закон. Прифатени се забелешите од позицијата и низ дебата во македонска собрание може да се добијат подобри решенија за обештетување на семејствата на загинатите, а за повредените да добијат веднаш финансиска и институционална помош

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ возврати дека не сакаат да влезат во сценарието на политизација на трагедијата во која СДСМ упорно сака да ги внесе. Нивниот план е да се дуплира помошта и средствата за Кочани и за реализација на проекти, нови инвестиции и оптварање на 1.000 нови работни места, а здравствениот систем ќе им помага на повредените.

Силвана Петрова мајка на повредниот Трајче Петров за Супорт Кочани сведочи дека морала да даде отказ, за да се грижи и за Трајче, но и за останатите членови во семејството, бидејќи е самохран родител.

Долг е процесот на рехабилатција, бидејќи има изгореници по рацете и телото. Петрова вели дека во овој момент потребна и е помош од државата.

Во пожарот во дискотеката Пулс загинаа 62 млади луѓе, а околу 200 се повредени. Семејствата на загинатите денеска информираат дека во сабота во 16:05 го организираат седмиот Марш за ангелите.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Азески со порака до новиот гувернер, да ја задржи стабилноста на денарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе