На подрачјата на Скопје и на Штип се извршени претреси на осум локации во домови, возила и во службени простории во Регионалниот центар за гранични работи Север, при што се пронајдени и одземени документација, мобилни телефони, една воздушна пушка без дозвола, соопшти министерството за внатрешни работи.
Акцијата ја предводи Одделот за сузбивање на организиран криминал и Одделот за внатрешна контрола, како и криминалистика по претходно обезбедени наредби од Кривичен за докажување на кривични дела „злоупотреба на службена положба“, „примање поткуп и противзаконито посредување“.