Вести Македонија Најважни

Мицкоски: Бидете спокојни, стратешкиот договор со В. Британија не предвидува прием на мигранти

Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема, рече премиерот Христијан Мицкоски во врска со шпекулациите дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство во земјава e предвиден i прием на мигранти. Според него, договорот е јасен и таква работа нема.

„Одговор на ова прашање даде амбасадорот на Обединетото Кралство кој што беше многу јасен, а тој одговор е дека апсолутно нема таква работа. А таа тема се наметна откако во Албанија беше потпишан договор меѓу тамошниот премиер и премиер на една земја во Европската унија за изградба на кампови во кои Албанија ќе прими неколку десетици илјади мигранти. Аналогно на тоа таа тема се пренесе тука, но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердуви, мислејќи така дека ќе то оцрнат овој стратешки договор и дека ќе нанесат штета на имиџот и работата на владата. Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема“, истакна премиерот Мицкоски.

Во изјава за медиумите, претседателот на македонската влада нагласи и дека Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, јавно и транспарентно ќе биде презентиран во македонското Собрание.

„Денеска се става параф на тој договор, потоа документот ќе дојде во парламентот пред пратениците. Ние шверцерски ништо не носиме, не злоупотребуваме европско знаме, ќе видат пратениците се што следи од тој проект, изградба на пруга што ќе ги поврзи Табановце со Гевгелија, реконструкција и модернизација на пругата, завршување на Клинички центар во Штип заедно со зграда за Медицински факултет и Студентски дом, изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом и целосна реконструкција на Клиничка болница во Тетово. Тука не застануваме бидејќи имаме најмалку уште 60 проценти од рамката што ни е на располагање. На ваков начин се гради државата, наместо како што беше во минатото кога се крадеше“, посочи Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Азески со порака до новиот гувернер, да ја задржи стабилноста на денарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе