29 болни од канцер бил несоодветно лекувани со што им се влошувало здравјето, покажало вештачењето од Словенија. Други онколошки пациенти пак добивале од скапата биолошка терапија во палијативна фаза кога воопшто не можела да им помогне.
Ова е дел од едно од двете обвиненија, кои произлегоа од предметот Онкологија, каде обвинети се екс медицинскиот директор Нино Васев и уште тројца други онколози за несовесно лекување болни и тешки дела против здравјето на луѓето.
Со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот (медицински директор ) применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите...Другите двајца лекари се обвинети за кривично дело – Несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба, рече обвинителката ана гоговска јакимовска.
Другото обвинение е за економското работење на клиниката, каде обвинети се екс медицинскиот директор Васев и екс организацискиот директор Нухи за злоупотреба, измама и проневера во службата.
За девет болни со канцер доказите покажале дека само на хартија добивале добивале дел од лековите. Каде завршувал вишокот теарпија истрагата не утврдила.
Обвинетиот медицински директор помогнат од организацискиот директор извршил и кривично дело – Проневера во службата, бидејќи преку постапките за набавка на лекови набавил количина на лекови која имал намера да ја присвои, па откако со свој потпис ќе го препишел и одобрел лекот, дел од лековите фиктивно ги раздолжувал, односно не ги аплицирал на пациентите во чие име овие лекови биле требувани, па така постои разлика меѓу евидентирана требована количина за пациент и раздолжена количина за пациенти во износ од околу 2 милиони денари. Ова е констатирано кај 9 пациенти за кои фиктивно се раздолжувани пет различни лекови. Дополнително, медицинскиот директор, користејќи ја неусогласеноста на состојбата на залихите искажана во сметководствената и материјалната евиденција и неусогласеноста помеѓу месечните податоци за издадени лекови од аптека и примени лекови во организационите единици на Клиниката, за кои бил директно одговорен организацискиот директор, присвоил дел од лековите кои клиниката требало да ги има на залиха. Станува збор за вијали и таблети од вкупно девет лека – Херцептин, Авастин, Ербитукс, Фулвестрант, Тразимера, Кадцајла, Оксалиплатин од 50 и 100 милиграми и Зелбораф со кои за себе прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денарирече обвинителката гоговска јакимовска.
Според обвинителството со незаконска набавка на лекови екс директорите го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Се товарат и дека го довеле во заблуда ФЗО да врши незаконска исплата и дека им овозможиле корист на добавувачите од околу 7 милиони евра.
Според обвинението, директорите набавувале лекови на реверс без да постои валиден основ за тоа по што за покривање на реверсите спроведувале постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни бидејќи добавувачите на лекови во рамки на добиените јавни набавки ги фактурирале претходно дадените лекови на реверс.
Државниот обвинител и шефот на скопското обвинителство ја потенцираа сложеноста на овој предмет но и важноста на двете вештачења во Србија и Словенија каде беа испратени 65 медицински досиеја.
Со бројните докази Бубевски очекува да ги докажат обивненијата.Коцевски посочи дека на клиниката има и многу професионалци
Овој предмет мора да е лекција за сите надлежни и одговорни да се зафатат за унапредување на протоколите во сите здравствени установи. Особено медицинските вештачења во двете земји за жал покажуваат дека кај нас состојбите во здравството континуирано се влошувале што предизвикува недоверба кај граѓаните во ефикасна здравствена заштита. Мора таа доверба да се врати кај граѓаните, вели државниот обвинител љупчо коцевски.
Двете обвиненија против вкупно петмина обивнети се доставени до кривичниот суд кој треба да ги оцени.
Елена Ивановска Мукоска