Вести Македонија Топ вести

Се очекува предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер

Се очекува претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го објави предлогот за нов гувернер на Народната банка. Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нејзин наследник.

Претседателката Сиљановска Давкова вчера изјави дека името на новиот гувернер ќе биде познато наскоро.

„Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено. Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш“, изјави Сиљановска Давкова.

Меѓу тројцата најсериозни кандидати за оваа функција се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, професорот на Економскиот факултет во Скопје, Трајко Славески и поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески.

Ангеловска Бежоска стапи на функцијата на 22 мај 2018 година. Функцијата гувернер на централната банка пред неа ја извршуваа Димитар Богов (2011-2018), Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избор меѓу Ангеловска Бежоска, Славески и Ставрески – кој ќе биде новиот гувернер на Народната банка?

Дејан Дејан

Експерт кој може да одговори на прашања на секоја можна тема – нова фаза на вештачката интелигенција

Дејан Дејан

Продавале „молитви во тегли“ на блиски на загинатите во кочанскиот пожар, Струмичката епархија на МПЦ пријавила измама во полицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе