Вести Македонија Топ вести

Љубчо Георгиевски сведок на одбраната во случајот „Ванчо Михајлов“

Со сослушување на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски како сведок на одбраната, во Основниот суд во Битола продолжи судскиот процес против поранешниот претседател на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, со исто име и презиме Љупчо Георгиевски.

Нему кому му се суди за предизвикување омраза по национална основа и ширење ксенофобија по компјутерски систем. Експремиерот го величаше ликот на Ванчо Михајлов, рече дека и самиот е ванчомихајловист, сведочеше речиси еден час и правеше историски анализи.

За Ванчо Михајлов има етикета дека е фашист. Таа етиката му ја залепи Бугарската комунистичка партија, а потоа беа преземени од Македонската и Југословенската комунистичка партија. Ванчо Михајлов никогаш не се изјаснил дека  е фашист, рече поранешениот премиер

На прашањето на ОЈО дали е историчар, Георгиевски кажа дека иако е дипломиран професор по книжевност тој 30 години ја истражува историјата. Обвинителката Оливера Нечаковска, потоа во завршниот збор се повика на мислењето на овој институт за Ванчо Михајлов.

Мислењето на ИНИ е јасно и недвосмислено. Ванчо МИхајлов е негативен лик во македонската и европската историја и со пропагирање на неговите идеи се пропагираат неговите наредби за физички ликвидации, соработката со фашистичката и нацистичката идеологија како и неговото  негирање на посебноста  на македонскиот народ, рече Нечаковска.

Во завршните зборови денеска, ОЈО побара осудителна пресуда и соодветна санкција, а пак адвокатот на Георгиевски, Насер Рауфи, побара, тој да биде ослободен од обвинението.

Кривичната постапка започна во 2023 година,а пресудата  за поранешниот претседател на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски, се очекува за 8 дена.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе