Вести Свет

Велика Британија ги суспендираше трговските разговори со Израел

Велика Британија ги суспендираше трговските разговори со Израел и го повика израелскиот амбасадор поради она што го нарекува „неподнослива“ офанзива во Газа.

Премиерот Кир Стармер изјави дека Велика Британија е „ужасната од ескалацијата на Израел“ – додека министерот за надворешни работи Дејвид Лами додаде дека војната влегува во „нова темна фаза“.

Претходно, Обединетите Нации соопштија дека Израел дал дозвола за околу 100 камиони со помош и храна да влезат во Газа по 11 недели блокада.

Израел на почетокот на неделата дозволи пет камиони да ја преминат границата. Шефот на хуманитарната помош на ОН, Том Флечер, го нарече ваквиот потег „капка во океанот“. Флечер, исто така, рече дека 14.000 бебиња би можеле да умрат во Газа во следните 48 часа, ако не стигне повеќе помош.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека „војната може да заврши утре“ ако Хамас ги ослободи своите заложници и го положи оружјето. Засега 58 заложници остануваат во Газа, а се верува дека 23 се само живи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе