Вести Македонија Најважни

Матурант пронајден починат во нива – трагедија во Струмица

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, позади складот за дрва на шумското стопанство „Беласица“, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во едно од струмичките средни училишта. Трагичната вест ја потврдија од ОЈО Струмица и СВР Струмица.

Според обвинителката Виолета Милчовска, телото на момчето било предадено на обдукција и од досегашните наоди нема знаци на насилство, а се чекаат и токсиколошките анализи за да се добие појасна слика за причините за смртта.

И од полицијата потврдуваат дека вчера околу 12 часот било пријавено дека во близина на Струмица, на необработена нива, било пронајдено безживотно тело на 19-годишно момче од Струмица.

„Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција“, се наведува во информацијата од СВР Струмица.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за смртта на момчето и како тоа завршило на локацијата каде бил пронајден. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лабудовиќ: Треба да се преземат поголеми чекори и инвестиции за спречување на испадите во електроенергетскиот систем

Дејан Дејан

Скандал, дилеми, правен преседан – што се крие зад одлуката на Управниот суд

Дејан Дејан

По повеќенеделното лекување во странство, повредените во страотниот пожар во ПУЛС ја продолжуваат борбата во кочанската болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе