Полициски службеници издале вкупно 1.363 платни налози при редовните сообраќајни контроли во зермјава во текот на викендот од кои дури 183 за возење без возачка дозвола, а 67 за возење под дејство на алкохол.
„Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 389 прекршоци во текот на викендот се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената, 198 за недозволено паркирање, додека, пак, прекршочно се санкционирани 79 возачи за некористење сигурносен појас. Изречени се 30 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за минување на црвено светло“, соопшти МВР.
Исто така, согласно Законот за возила, 52 возила биле отстранети поради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила за техничка неисправност.