Велика Британија и Европската Унија (ЕУ) денеска ќе одржат Самит во Лондон, пет години по Брегзит, со цел да ги постават основите за потесна врска, посебно во сферите на одбраната. Британскиот премиер Кир Стармер, кој даде ветување дека ќе ја „ресетира” соработката со ЕУ кога ја презеде функцијата минатиот јули, ги пречекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Овој состанок е шанса за лидерот на лабуристите да ја материјализира својата амбиција за приближување кон Брисел и да стави крај на напнатоста помеѓу ЕУ и претходната конзервативна влада во врска со Брегзит, кој се случи на 31 јануари во 2020 година.
Во меѓувреме, руската инвазија на Украина и можноста за повлекување на САД од европскиот континент ја зацврстија врската меѓу Лондон и Брисел во нивната цел да ја унапредат кооперацијата во доменот на одбраната.