Вести Најважни Свет

Градоначалникот на Букурешт, Дан стана нов претседател на Романија, десничарот Симион го призна поразот

Проевропскиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан ќе биде нов претседател на Романија, откако речиси сите преброени гласови до раните часови покажаа дека тој е пред неговиот крајно десничарски противкандидат Џорџе Симион по вчерашното гласање во вториот круг на претседателските избори.

Со преброени гласови од повеќе од 99 отсто од избирачките места, изборната комисија во Букурешт соопшти дека Дан освоил приближно 54,1 проценти од гласовите, додека Симион заостанува со околу 45,9 отсто.

Пред изборите, Симион ги обвини властите за обид за изборна измама, иако не обезбеди докази.

Информативниот портал G4media.ro, цитирајќи неименувани извори од партијата AUR на Симион, јави дека се подготвуваат планови за оспорување на изборите, доколку нивниот кандидат официјално биде прогласен за губитник.

Претседателските избори се повторување на гласањето од минатиот ноември. Тогаш, прорускиот кандидат Калин Георгеску победи во првиот круг, водејќи кампања главно на онлајн платформата ТикТок.

Меѓутоа, непосредно пред закажаното гласање во вториот круг, Уставниот суд го поништи првиот круг поради неправилности во финансирањето на кампањата и му забрани на Георгеску повторно да се кандидира.

Изборите се сметаат за важни за Европската Унија и Украина, која повеќе од три години се брани од руска инвазија. Романскиот претседател има силно влијание врз надворешната и безбедносната политика.

Симион, кој е критичар на поддршката за Украина, заврши околу 20 процентни поени пред Дан во првиот круг на гласање на 4 март, но не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство. Дан, кој е усогласен со позицијата на ЕУ, ја поддржува Украина во нејзината војна против Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќајна недисциплина – 1.363 платни налози во еден викенд, 183 возачи „фатени“ без дозвола, 67 со алкохол зад волан

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Дејан Дејан

Му отишол дома и се заканувал – обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе