Образовните струки и профили во средните училишта треба повеќе да го следат трендот на пазарот на трудот за да нема презаситување со одредени профили а недостаток на други. Струмичките компании велат дека веќе се чувствува недостаток на одредени работни позиции кои постојат како струки во средните училишта, но, недоволно се промовираат.
Слични се забелешките и за насоките за високо образование. Без соодветно ансочување се создаваат повеќе кадри отколку што е потребно во одреден период во општеството, па или несоодветно се вработени, или мора да се преквалификуваат што е губање на време и пари за младите, но и за компаниите.
Ланските податоци на Заводот за статистика покажуваа и висока стапка на невработеност кај младите. Околу 20%, односно секој четврти човек до 29 години бил невработен.
Сузана Мицева