Има ли капацитет Кочанската болница да ги лекува повредените од пожарот во дискотеката Пулс? Се погласни се повиците на семејствата и граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ за лошите услови за заздравување и закрепнување на повеќе од 50 млади луѓе.
Медицинските лица го прават невозможното, но ограничени се со лекувањето, вели во интервју за радио слободна Европа Марко Димитриев и додоава дека сами барале помош од други земји за да се изработат компресивни облеки како ракавици, стегачи за нозе, гради,лице и за врат, помагала кои треба да им помогнат за побрзо да оздрават.
– Сега во моментот, во Кочанската болница условите не се толку задоволителни за тие деца. Значи има деца што се со отворени рани, имаме информација дека има деца со бактерии, имаме деца со некоја инфекција.Ние можеме да ги поканиме сите институции да дојдат и да видат, да ги прошетаме низ болницата, да видат каква е ситуацијата и како тие деца се лекуваат. Тоалетите во болницата да ги видат, да видат каква е структурата таму, дали има потреба од санација. Ние ја имаме реалната слика, ние сме таму, комуницираме со децата, со родителите, со засегнати, со сите. Така да сите можат да дојдат и заедно да видиме како можеме да помогнеме, пошто знаеме дека условите не се како што се претставени, вели Марко Димитриев „Support“ КОЧАНИ.
Мајка на повредено дете неодамна алармираше и во топ тема. Таа вчера од протестот уште еднаш кажа дека повеќе не може да се чека.
Благица Сабовљевиќ Стоименова, мајка на повреден и граѓански активист
Премиерот Мицкоски најави состаноци со родителите,а за оние кои не можат да дојдат во Владата рече ќе одел кај нив да разговараат. Вели сите кои имаат врска да се случи ваква трагедија мора да одговараат.
За условите во Кочанската болница и дали ќе ги слушне барањата на семејствата, прашавме и во министерството за здравство, но не добивме одговори. Стручни и надлежни лица за утре најавија одговори за случајот во Кочани.
Симона Петровска