Вести Македонија

ДУИ: Мицкоски избра да води политика на поделби

ДУИ со остра реакција на последното јавно обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за опасна и дискриминаторска реторика насочена кон Албанците. Од партијата велат дека Мицкоски се обидува да одредува кој е „прифатлив“ Албанец, што, како што наведуваат, потсетува на реториката на Милошевиќ од деведесеттите години.

„Наместо да се фокусира на ветените реформи, европскиот пат и економската стабилност, Мицкоски избира да води политика на поделби, со цел создавање подредени, послушни и неми Албанци“, се вели во реакцијата.

ДУИ оценува дека ваквата реторика не само што е штетна, туку веќе има обратен ефект – таа ги обединува Албанците, вклучително и политичките опоненти, во одбрана на нивното достоинство и политичка автономија.

Партијата ги повикува и функционерите од коалицијата „Влен“ да се запрашаат дали сакаат да останат соучесници во, како што велат, политика на омаловажување и дискриминација.

„Ако не можат да го слушнат гласот на Албанците сега – ќе го слушнат на избори“, порачуваат од ДУИ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Крвава матурска ноќ во Сараево: Навивачи со палки и факели нападнаа матуранти

Дејан Дејан

(ФОТО) Австрискиот победник на Евровизија, Џеј Џеј, пречекан со овации во Виена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе