Кредитната агенција „Мудис“ го намали рејтингот на САД од АAA на АA1 поради загриженоста за растечкиот јавен долг кој достигна 36 трилиони долари.
Во соопштението се наведува дека американските власти и Конгресот не успеале да се договорат за мерки што би го намалиле фискалниот дефицит и каматните трошоци. Перспективата на рејтингот е сменета од „негативна“ во „стабилна“.
Ова е трето намалување на кредитниот рејтинг на САД по сличните потези на „Фич“ во 2023 и „Стандард и Пурс“ во 2011 година.
Мерките на администрацијата на Трамп, како даночните намалувања и воведувањето царини, предизвикаа загриженост кај инвеститорите за фискална стабилност и трговски тензии.
„Мудис“ проценува дека до 2035 година американскиот јавен долг ќе достигне 134% од БДП.