Вести Свет

Хамас: Почнаа нови преговори за прекин на огнот

Хамас соопшти дека започнале нова рунда преговори за прекин на војната во Газа, само неколку часа откако Израел ја започна воената офанзива. Преговорите, според советникот на лидерот на Хамас, Тахер ал-Нуну, се одвиваат во Доха, Катар, без поставени предуслови.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хамас се враќа на индиректните разговори за договор за заложниците, нарекувајќи го тоа „поместување од нивната дотогашна непопустлива позиција“.

Израелската армија соопшти дека за 24 часа нападнала над 150 цели низ Појасот Газа и дека нема да запре додека Хамас не биде елиминиран и сите заложници не бидат ослободени.

Илјадници израелски војници, вклучително и резервисти, се очекува да влезат во Газа во наредните денови.

Од израелските напади, според Хамас, загинале околу 250 лица, додека здравствените власти јавуваат за најмалку 146 загинати само во последните 24 часа.

Жителите на северна и централна Газа се повторно повикани да ги напуштат домовите, што хуманитарните организации го нарекуваат речиси невозможно.

ОН предупредуваат дека нападите и блокадата на хуманитарна помош можат да претставуваат прекршување на меѓународното право и етничко чистење. САД изразија загриженост за ситуацијата.

Во Газа владее глад и хуманитарна катастрофа. Според ОН, целата популација е под „критичен ризик од глад“.

Израелската офанзива продолжува како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, кога беа убиени околу 1.200 лица, а 251 беа земени како заложници. Хамас сè уште држи 58 заложници, додека бројот на загинати во Газа надмина 53.000.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави: „Во понеделник ќе разговарам со Путин“

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Русија постави нови услови за мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе