ССНМ ја повикува претседателката Гордана Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите. Во продолжение и на кревките демократски односи во земјава Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро реагира и искажува загриженост од моделот на однесување кон новинарите на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова која при гостувањето на емисијата „ВинВин“ на ТВ Телма на 15-ти мај 2025 година искажа сериозни навреди кон колегата Боби Христов притоа користејќи недолични зборови за функцијата којашто ја извршува.
Сиљановска Давкова во забелешка на начинот на комуникација и поставувањето на прашања на колегата Христов говореше дека не било пристојно да се говори за луѓе што не се присутни на ТВ дебата и искористи квалификации „фрустрирачки“, „малициозно“ и „не личи на новинар“.
Претседателката ја коментираше емисијата Топ Тема која беше емитувана на Телма на почетокот од оваа седмица во која уредникот Боби Христов на гостите им постави прашање „колку е погорда Македонија со Гордана Силјановска Давкова една година на претседателската функција“.