Вести Македонија

Мицкоски на средба со Стармер во Тирана – Ќе има ли стратешки договор?

Откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска ќе биде соопштена убава вест, без да прецизира за што станува збор, одекна информацијата дека од самитот во Тирана на Европската политичка заедница ќе донесе договор за стратешко партнерство со Велика Британија. На самитот Мицкоски, според најавите ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер каде се очекува да биде постигната согласност за договорот. Според извори од Владата, за договорот се преговарало повеќе месеци меѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области.

„Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство. Овој договор преставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и преставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка“ велат извори од Владата.

Во меѓувреме на самитот Стармер оствари средба со Рама, кој ја отфрли можноста Велика Британија да ги испраќа одбиените баратели на азил во Албанија. Страмер најави дека ќе започне дијалог со други земји кои бои можеле да бидат домаќини на такви центри каде баратели на азил ќе бидат задржани се  додека не бидат депортирани во нивната матична земја. Албанија веќе е домаќин на два центри за притвор на мигранти од Италија. Но, Рама ја отфрли можноста таков договор да се постигне и со Велика Британија.

Потенцијалните партнери, како што пишува британски „Телеграф“ би можеле да бидат Србија, Босна и Северна Македонија, при што секој договор ќе бара од Велика Британија да плати за секој барател на азил кој е преместен. „Тајмс“ објави дека британската Влада е во разговори со девет други земји за кои се надеваат дека ќе бидат домаќини на овие центри.

Дали ваквите центри ќе бидат предмет на разговор на средбата на Мицкоски и Стармер не е познато.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе