Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска по денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на кое се изведуваа докази изјави дека во случајот се работи за користољубие, од почеток до извршување на делата.
Обвинените, според обвинителката, заедно се договарале за да ги преземат дејствијата, за да остварат користољубие, а со убиството на Вања се докажува дека сите ги презеле дејствијата. Нејзината колешка Ана Стојковиќ Димитровска се надоврза дека за мотивот дополнително ќе се изјаснат во завршните зборови.