Вести Македонија

Инспекциските служби утврдуваат какви хемикалии истекле од фабриката за стиропор во Пинтија

Иако по претходен надзор имала предупредување дека може да настане хаварија, фирматаа Екопор си продолжила да работи. Земени се мостри и се испитува за какви хемикалии станува збор по вчерашниот инцидент во скопска Пинтија. Во меѓувреме градот Скопје ја казни копманијата со 45 илјади евра и 1 месец забрана за работа.

„И покрај инспекцискиот извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице Екопор не превземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес.  За овој објект кој е под надлежност на општина Кисела Вода апелираме до општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и до ресорното министерствосо цел соодветно санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата“, велат од град Скопје.

 Иако прозван, градоначалникот вели постапиле иако не било во нивна надлежност.

Во населбата Пинтија во Кисела Вода вчера од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе