Вести Македонија Најважни

И обвинетите и роднините незадоволни од пресудата за модуларната болница

Од една до пет години за тешки дела против општата сигурност, тетовскиот суд им пресуди година и пол затвор на двајцата поранешни директори на тетовската болница Флорим Бесими и Артан Етеми за пожарот во тетовската модуларна болница во кој загинаа 14 пациенти и роднини. Клиничката болница во Тетово е парично казнета 1 милион денари (16 илјади евра).

Судијата Реџеп Муса рече дека директорите биле должни, но не поставиле ПП апарати. Ги ценел сите околности и смета дека пресудата ги исполнува целите на казнувањето. Конкретно како ја одмерил оваа казна ќе образложи во писмената пресуда. Етеми не ја слушна пресудата. Бесими најави жалба. Ова е неправда ова бегање од вистината рече тој.

„Ова судење не беше за да се открие вистината, ниту да се најдат виновниците на оваа трагедија, зошто настанал пожарот, кој е одговорен за изградба на објектот што изгори, кој дозволи животите на луѓето да бидат ставени во опасност. Не, ова судење се претвори во склоп на вина, против оние што ниту имале моќ ниту одговорност за оваа трагедија. Мене ме обвинија за недостаток на противпожарни (ПП) апарати, а во постапка докажавме дека имало противпожарни апарати, иако гледате дека не сум се потпишал на ниеден документ за таков објект, но тоа не го зедоа во предвид“ изјави Флорим Бесими, обвинет.

За нас оваа пресуда е неприфатлива, истата е последица на грешно утврдена фактичка состојба и грешно толкување на одредбите од законот за кривична постапка“ рече Валјон Абдулхамиди, адвокат на Клиничка болница Тетово.

И роднините на жртвите незадовлни од пресудата.

„Да одиме по математика, да ги ставиме тие 14 жртви, тоа изнесува по еден месец затвор за секој загинат. Ние не сме задоволни од ваквата пресуда и ќе продолжиме натаму со жалба. Пред судот требаше да дојдат и министерот Филипче, Анѓушев, фирма Брако, инсталацијата на струјата што ја ставаа во модуларната. Тие треба да бидат виновни за оваа трагедија, ама државата одлучи Флорим Бесими и Артан Етеми да бидат казнети една година и шест месеци. Не викам дека немаат вина и кај нив, ама вината е погоре“ изјави Мумин Исмаили.

Ова е втора пресуда за Бесими и Етеми. Првиот пат тетовскиот суд, но друг судија, им пресуди условна казна но пресудата ја укина гостиварска Апелација.

Во обвинитеството за гонење организиран криминал повеќе од 3 години се води предистрага за модуларните болници кој се уште е без одлука. Државниот обивнител во интервјуто за Топ Тема пред еден месец кажа дека за тој предмет имало претставка од здружение и се разгледува во републичкото обвинителство. Конкретно која е содржината на претставката не откри.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе