Комисијата за избори и именувања во собранието е реликт од комунизмот, од кадровските комисии, вели македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Не е добро, бидејќи секогаш во таа Комисија седат најпартиските луѓе и чудно се договараат. Најпартиските луѓе. Нам ни треба комисија во која при секој избор ќе седат и луѓе од струката и засегнатите и од експертската јавност и од невладиниот сектор и така ќе се решава“, истакна Сиљановска Давкова.