Вести Свет Топ вести

Путин нема да биде дел од мировните преговори во Истанбул

Рускиот претседател Владимир Путин нема да биде дел од руската делегација на мировните преговори за Украина што се одржуваат во Истанбул, соопшти Кремљ. Наместо тоа, руската делегација ќе ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека ќе учествува само доколку Путин лично дојде на разговорите. Тој моментално се наоѓа во турската престолнина Анкара, каде што ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека би се приклучил на разговорите ако дојде Путин, исто така нема да присуствува. Наместо него, САД ќе ги претставува државниот секретар Марко Рубио, кој веќе пристигна во Турција.

Зеленски во своето обраќање синоќа изјави дека „сигналите од Русија не се убедливи“ и дека ќе ја донесе конечната одлука за следните чекори откако ќе види кој точно ќе пристигне од руската страна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе