Вести Свет Топ вести

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Европската Унија го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро.

Тој најави дека ЕУ сега ќе работи на воведување уште построги санкции заедно со САД.

Новите санкции се насочени првенствено кон така наречената руска флота во сенка, која ѝ помагаат на Москва да ги заобиколи западните санкции и се сметаат за безбедносен и еколошки ризик.

Санкциите ќе ги опфатат и компаниите од земји како Виетнам, Србија и Турција за кои постои сомневање дека ја снабдуваат руската војска.

Со новите санкции предвидена е и забрана за околу 200 бродови да влегуваат во европските пристаништа. Санкционираните бродови повеќе нема да можат да ги користат услугите на европските компании.

Новите санкции се одобрени од претставници на земјите од ЕУ во Брисел и се очекува официјално да бидат усвоени следната недела на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Ова е 17-ти пакет санкции на ЕУ откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година. Пакетот беше во подготовка дури и пред европските лидери да издадат ново предупредување до Москва како дел од мировните иницијативи предводени од САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе