Вести Македонија Најважни

Притворениот обезбедувач на Мицкоски имал две дисциплински во МВР- додека го штител премиерот, како синдикалец се среќавал со пратеници на власта

Пред да стане дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, притворениот обезбедувач Ангел Самараков имал неколку претставки за неговата работа како полицаец и инспектор, потврдија за Телма од министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во период од септември 2020 година до декември 2024 година, во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професиoнални стандарди при МВР се добиени четири претставки против лицето А.С. за кое што по извршени проверки е констатирано дека две се основани и од страна на Одделот се поднесени предлози за поведување постапка за утврдување одговорност за повреда на работниот ред и дисциплина“, информираат од МВР. 

Од МВР не откриваат како завршиле дисциплинските постапки, но Самараков бил избран да стане дел од 6-тата Управа во тимот за обезбедување на премиерот. Мицкоски денеска во Штип одговори дека најверојатно Сарамаков бил распореден да го вози и обезбедува во моментите кога станал премиер.

И додека бил во обезбедувањето на премиерот, Самараков бил и синдикален лидер, па во Собранието се среќавал со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ лани во ноември. Од истрагата досега нема детали како се изнесени строго доверливите информации од полициската истражна документација и кој воопшто би платил 50.000 евра за да објавува такви информации на Фејсбук.

Бидејќи е во 6-тата управа, Самараков не смее да има пристап до информации од отворени истраги и засега нема податоци дали некој му помагал или, пак, станува збор за информации кои тој ги зел од СВР Велес, каде бил инспектор со проблематично дисциплинско досие, пред да стане дел од 6-тата управа.

Осомничениот е во притвор, а премиерот Мицкоски порача дека нема да се заштитува никој и нема како порано да не се гонат обезбедувачи на некогашните премиери кои, според него, вршеле матни работи за политичките шефови и биле јунаци, во наводници.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Азески со порака до новиот гувернер, да ја задржи стабилноста на денарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе