Ракомет Спорт

Почнува ракометниот плеј-оф: Вардар против Алкалоид е првото дерби

Денеска почнува разврската за шампионската титула, но и за опстанокот во македонската ракометна елита. Вардар против Алкалоид е првото дерби во битката за шампионскиот наслов сезонава.

Двата тима го почнуваат плеј-офот со по два бода, бидејќи по регуларниот дел од сезоната завршија на второто, односно третото место на табелата зад шампионот Еурофарм Пелистер, кој ја има пол-позицијата со три бодови.

Секој натпревар помеѓу трите фаворити за титулата ќе биде важен, па така и овој во рамки на првото коло. 

РАКОМЕТ СУПЕР ЛИГА
ПЛЕЈ-ОФ (1.КОЛО)

ДЕНЕСКА
БУТЕЛ
– ОХРИД (18 ЧАСОТ)
ВАРДАР – АЛКАЛОИД (19 ЧАСОТ)

УТРЕ
ТИКВЕШ – Е. ПЕЛИСТЕР (19 ЧАСОТ)

ПЛЕЈ-АУТ (1.КОЛО)
ДЕНЕСКА
Т. ПРОЛЕТ – СТРУГА (18 ЧАСОТ)
КУМАНОВО – РАДОВИШ (19 ЧАСОТ)
ПРИЛЕП – БИСИНОВ (19:30 ЧАСОТ)

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе