Кошарка Спорт

Јокиќ одигра историски натпревар со 61 поен, но Вестбрук го чинеше Денвер победа (ВИДЕО)

Денвер и Минесота одиграа неверојатен натпревар утринава во НБА-лигата со две продолженија. Гостите славеа победа со 139-140 иако Никола Јокиќ имаше неверојатни 61 поен што е најдобар индивидуален ефект сезонава. Српскиот центар стана само третиот играч во историјата на НБА-лигата што стигнал до трипл-дабл со 60 поени, бидејќи имаше и по десет асистенции и скокови.

Расел Вестбрук беше трагичар за Нагетс, бидејќи најпрво можеше да ја запечати победата во последните секунди, но не реализираше лесно положување. Потоа буквално во последната секунда од второто продолжение направи прекршок над Никеил Александер Вокер, кој доби три слободни фрлања. Погоди две и намерно го промаши последното за да истече времето за победа на Тимбервулвс.

Утринава уште еден феноменален индивидуален настап имаше и Стеф Кари, кој постигна 52 поени од кои дури 12 тројки во гостинската победа на Голден Стејт од 125-134 кај Мемфис.

Милвоки го победи Феникс со 133-123, а Јанис Адетокумбо имаше 37 поени за Бакс, додека кај Санс најмногу се истакна Девин Букер со 39 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Атланта – Портланд 113-127
Њујорк – Филаделфија 105-91
Чикаго – Торонто 137-118
Сан Антонио – Орландо 105-116

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе