Ракометарите на Алкалоид во реванш дуелот против Баја Маре успеаа да триумфираат со 32:25 и се пласираа меѓу четирите најдобри тима во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Најефикасен во редовите на македонскиот состав со седум гола беше Александар Петковски, Марко Стојковиќ постигна пет погодоци додека голманот Иван Галевски забележа девет интервенции.
Противник на Алкалоид во полуфиналето на ЕХФ на ЕХФ ќе биде норвешкиот Рунар Сандефјорд кој беше поуспешен во двобојот со Олимпијакос.
ФОТО: Игор Паневски