Вести Македонија Најважни

Обвинителството ќе повика над 300 сведоци а ќе истражува и други правци 

Повредените во пожарот, роднини на загинатите,  вработени во повеќе институции се дел од сведоците кои ќе бидат повикани на распит од обвинителство во истрагата за трагедијата во Кочани која згаснаа 59 животи а над 200 беа повредени.

Обвинителството најавува дека ќе бидат сослушани над 300 сведоци. Обвинителскиот тим, кој од денеска е проширен на 11 обвинители, собира докази но најавува дека ќе се испитува евентуална одговорност и во други насоки кои првично не беа опфатени.

Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани. Во текот на денешниот ден обвинителите во Кочани преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштија од обвинителството.

Кочанскиот суд одлучува по жалбите на 24-та притворени. До сега во судот пристигнале 19  жалби а за 13 е донесена одлука со која се потврдува мерката притвор.

Меѓу нив е и поранешниот директор на ДЗС Беким Максути. Судот одлучил дека мерката е неопходна за непречено  водење на кривичната постапка поради опасност од бегство, сокривање докази и влијание на сведоци.

Неговиот адвокат Насер Идризи смета дека мерката со која му се ограничува слободата е спротивна на одлуките на ЕСЧП.

Притворот е најстрога мерка која се определува само доколку се исполнети условите. Во конкретниот случај се прекшуват правата на одбраната и не постои еднаквост на оружјата, затоа што не и се дава право на одбраната да се одбрани, со тоа што не ги доби доказите врз   кои е определен притворот, смета идризи.

Обвинителството во петокот отвори истрага против 27 осомничени. Од обезбедувачите и сопствениците на дискотеката преку двајца поранешни директори на пазарниот инспекторат Горан Трајковски и Анета Симеска Димовска, екс директорот на ДЗС Максути па се до поранешниот министер Бектеши,  вработени во министерството и екс државниот секретар Размена Чекич Дуровиќ, но и последните тројца градоначалници Папазов, Илијев и Димитровски.

Одбраната реагираше на селективно бирање на осомничените без актуелни функционери.

Обвинителството вели истрагата е на почеток и не икслучуваат проширување со нови лица. Според обивнителот Коцевски верижните пропусти и незаконити дејствија на одговорните и службените лица, довеле до тоа да при користење на пиротехничките средства во кабаре „Пулс“ да биде предизвикан пожар во кој животот го загубија 59 лица меѓу кои 6 деца.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе