Македонската женска ракометна репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година ќе се натпреварува во групата 3 заедно со селекциите на Германија, Словенија и Белгија.
Првите две рунди од евроквалификациите се играат од 15-ти до 19-ти октомври оваа година, а нашите ракометарки во првото коло и гостуваат на Германија, а потоа во второто играме со Словенија на домашен терен. Во месец март идната година ги играме двата дуели со Белгија, најпрво на гостински терен, а потоа и пред домашната публика.
Во последните две кола во април 2026 година, ја пречекуваме Германија, а квалификациите ги завршуваме на гости кај Словенија.
Првите две репрезентации од сите шест квалификациски групи ќе обезбедат пласман на Европското првенство, како и најдобрите четири третопласирани тимови.
На турнирот веќе се пласирани медалистите од претходниот континентален турнир Норвешка, Данска и Унгарија, како и петте репрезентации домаќини на Европското првенство во 2026 година, Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.