Балкан Вести Свет

Се случи Славија -„Нема веќе да не тепате со бејзбол палки како што ја тепавте студентката Ана“ порачаа студентите

„Се случи Славија, 100.000 луѓе“ порача студентка. На јавната обвинителка студентите ги испратиле  барањата, а упатени се кон Обвинителството.

„Не газеа, излеговме на улица, ја дочекавме Новата година на улицата. Испративме порака дека НИКОЈ НЕ Е УМОРЕН“ порача студентка која се обрати на почетокот на протестот“ потенцираше.  И додаде „Го слушаме вашиот глас и тој нека трае“.

Пораките „Ајде заедно да ја разбудиме Србија и да истраеме во борбата за студентите, земјоделците, просветарите, фармацевтите, адвокатите, лекарите, глумците, уметниците, новинарите, инженерите – за сите животи кои ги изгубивме и тие коишто ќе ги изгубевме, ако продолжевме да молчиме. Ноќта е најмрачна пред разденување“ беа поткрепени со потврдни извици и поддршка.

Студентите во нивните говори рекоа дека се тука и нема да дозволат да ги газат.

„Нема веќе да не тепате со бејзбол палки како што ја тепавте студентката Ана. Нема веќе да дозволиме да лажат за нас како што тоа го прави јавниот сервис од почетокот на студентските блокади. Овде сме затоа што повеќе нема да дозволиме да делите откази за објави на социјалните мрежи како што тоа го правевте на административци. Нема да дозволиме преместувања, уцени, притисоци како што и сега трпат работниците коишто ги поддржуваат студентите“ рече студентка во говорот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе