Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) се враќа на улица поради висината на минималната плата, но и поради константниот притисок и етикетирање од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Од ССМ обвинија дека директори поставени од владеачката партија, користат притисоци за да го прелеат членството во КССМ, како и дека намерно тактизираат со утврдување на репрезентативноста на ССМ.
Претседателството на ССМ своите седници ќе ги држи на отворено, како што практикуваше пред извесен период за да изврши притисок врз надлежните, а со цел да се подигне висината на минималната плата.
Од ССМ за првпат го вперија прстот во ВМРО-ДПМНЕ кого го обвинија дека покрај прозивките за претседателот на терен, директорите именувани од партијата вршат притисоци врз членството на ССМ со цел да премине во КСС.
Трендафилов ја обвини власта дека се обидува да го инсталира Живко Митревски на чело на ССМ.
Од ССМ порачаа дека очекуваат на утрешната седница на Влада да се именуваат новите членови на Комисијата која треба да ја потврди репрезентативноста на Синдикатот.
А владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со серијата прес-конференции на кои главна тема е ССМ и претседателот Трендафилов, кој денес го окарактеризираа како претседател на општински штаб на опозициската партија.
Огнен Чанчаревиќ