Ракомет Спорт

Државата одвои 1,1 милијарда денари за спортот во 2025: Ќе се градат и три нови спортски сали

Владата ќе го подржи спортот во 2025 година со 1,1 милијарда денари, што е двојно повеќе во однос на минатата година, најави министерката за финансии Гордана Димитриоска-Кочоска. Министерот за спорт Борко Ристовски најави дека ракометот е категоризиран како спорт број 1 во Македонија и дека најголем дел од државните субвенции ќе одат за овој спорт.

Државата ќе одвои рекорден буџет за спортот во 2025 година, односно 1,1 милијарда денари, што е за три пати повеќе во однос на 2019 година, а двојно повеќе од изминатата година, рече денеска министерката за финансии Димитриоска-Кочоска на панел дискусијата наречена „Ракометот спорт број1?“.

Сепак, кога ќе бидат издвоени толку многу пари треба да се знае која е крајната цел. Министерката најави реформи во доделувањето на државните пари што може да доведе до намалување на средствата што клубовите директно ги добиваат од државата.

Ристовски истакна дека министерството за спорт донело одлука да го позиционира ракометот како спорт број 1 во државата и ќе има таков статус во стратегијата за развој на спортот.

„Има забелешки од некои национални спортски федерации, но многу е лесно да одбраните нешто кога има резултати. Речиси сите репрезентации во сите возрасни категории во ракометот се пласирани на големи натпреварувања, што во другите спортови не е случај и логично е најголем дел од средствата од државните субвенции во спортот да одат во ракометот“, истакна Ристовски.

Тој исто така посочи дека националната стратегија за развој на спортот ќе се гради во соработка со националните спортски федерации, а дел од првите чекори веќе се направени со Одбојкарската федерација, а наскоро ќе продолжат со проекти во ракометот, кошарката и фудбалот.

Министерот Ристовски најави и изградба на три нови сали. Две ќе бидат во Скопје, односно една до салата „Јане Сандански“ за која е разговарана со Ракометната федерација да биде јавно-приватно партнерство, а втората во склоп на Воената академија во населбата Аеродром. Третата сала ќе се гради во Струмица, а министерот за спорт најави и изградба на сала за боречки вештини во населбата Бутел во Скопје.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе