Балкан Вести

Струјата во Албанија од денес пониска за 10,5 отсто

Во Албанија од денеска почна примената на одлуката за новата цена на  електричната енергија, која е пониска за  10,5 отсто, објави вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

Според неа корист од оваа мерка се очекува да имаат 1 милион и 70 илјади претплатници или речиси 95 отсто од домаќинствата.

„Домаќинствата кои ќе потрошат до 700 киловатчасови месечно  ќе плаќаат 8,5 лека по киловатчас.  Оние кои ќе надминат 700 кв/час ќе плаќаат по 9,5 лека. Ќе бидат опфатени  1.070.000 претплатници или 95 отсто од претплатниците“, наведува Балуку.

Регулаторниот завод  за енергетика, неодамна одлучи а владата прифати цената за семејните потрошувачи кои трошат до 700 кв/ч да биде 8,5 леки за киловат. За оние семејства кои трошат повеќе од 700 киловати цената е 9,5 лека за киловат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Судот е мафија, таткото на Фросина за 12-годишната затворска казна за возачот кој ја прегази неговата ќерка

Дејан Дејан

Васил Јованов осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Русија прогласена за виновна за уривање на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година во кој загинаа 298 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе