Синоќа, 15-тина минути пред полноќ, на булеварот „Партизански одреди“ во близина на пекарницата „Силбо“, загина 22-годишна девојка од Скопје. Била прегазена од патничко возило од марката „Пежо“, а од природата на повредите, починала на лице место. Возачот на автомобилот е приведен.
„На 29.01.2025 вo 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(20) од Скопје, удрило во пешакот Ф.К. (22) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот В.Ј. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата.
Возачот е задржан и издадена е наредба за испитување на крв и урина.
Издадени се наредби и за обезбедување на снимки од видеонадзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.