Пораките што претседателот на Република Српска, Додик ги испрати во Скопје, се опасни и загрижувачки, истакнува во објава на Фејсбук, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Според него уште позагрижувачки е што овие пораки беа упатени во присуство на македонскиот премиер Мицкоски, кој вообичаено е изненаден.
Филипче прашува дали Мицкоски воопшто знае кој му е вицепремиер и какви настани му се организираат. Дали свесно дозволува вакви изјави или едноставно нема контрола врз процесите?
- Како членка на НАТО, Македонија не смее да дозволи реторика што ги загрозува државните интереси. Секој збор што доаѓа од говорниците во Скопје мора да биде во функција на безбедноста, стабилноста и почитувањето на меѓународните принципи, истакнува претседателот на опозициската СДСМ.
Тој додава дека овие изјави можат да навредат делови од нашето мултикултурно и мултиетничко општество, а токму тоа е нашето најголемо богатство.
Филипче ги поставува и следниве прашања: Безбедносните служби мора да одговорат знаеле ли кој доаѓа и што ќе зборува? Дали ова е хибриден напад врз државата? Дали е направена соодветна проценка за влијанието на овие пораки врз националната безбедност?
Премиерот се огради од политичките пораки на Додик – оцени дека го злоупотребил вчерашниот настан