Балкан Вести Македонија

Богдановиќ во Топ Тема за протестите во Србија: Тука станува збор за организации финансирани од надвор

Студентските протести во Србија се интензивираат и од ден во ден добиваат се поширока поддршка.
Сценарио за смена, изблик на незадоволство или двете.

Претседателот Вучиќ побара реконструкција на Владата, премиерот Вучевиќ поднесува оставка.
Ќе биде ли тоа доволно за да ја зачува власта. Кои се следните чекори на Вучиќ, опозицијата и студентското движење.

Можна ли е дестабилизација на Србија и кој е ризикот по соседните држави во регионот?

„Јас не очекував, а мислам дека не очекуваа ни тие, затоа што вчера на вонредната прес-конференција, се обидоа, направија многу отстапки, јас би рекол слободно и малку се понижија и прифатија дека имало грешки, ќе правиме реконструкција на Владата, тие беа подготвени најмалку 50 проценти од министрите, да ги разрешат, но не беше во игра премиерот, бидејќи тој вчера се појави. Да  не се случеше синоќешниот настан, немаше да одат на таа варијанта“ изјави Дејан Андоновиќ, новинар. 

  • „Тука станува збор за организации финансирани од надвор, мислам дека не ги кријат туку и кажаа некои, и претседателот на Србија излезе и кажа дали некоја невладина организација „Црта“ или како и да се нарекува кажале дека „Народот го изгуби владејачкото мнозинство, односно довербата“ и тој рече, ако тие кажуваат, а финансирани се од Америка, ајде да одиме тогаш на советодавен референдум. Еден глас ако докаже дека јас немам мандат, јас од утре не сум претседател. Не ги кријат и вредностите и сумите кои се инвестирани во тие некои невладини организации кои ги кажуваат во јавност, а видливи се и лицата кои протестираат ги користат тие фондови, тоа се е видливо“ изјави Саша Богдановиќ од Форум на Србите во Македонија.
  • „Се бараше политичка одговорност, се отвори кривичен прогон, сите барања кои јавно биле достапни се прифатени, на крај не е трагедијата, не е незадоволство, туку некој се обидува да ја искористи ситуацијата во свои лични потреби“ вели Богдановиќ.

Гледајте Топ Тема со Огнен Чанчаревиќ  на Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе