Балкан Вести

Во среда ќе се гласа за доверба на српската Влада

Вонредна седница на српскиот Парламент ќе биде закажана в среда за гласање доверба на Владата. Ова го потврди и претседателката на законодавниот дом Ана Брнабиќ, а конечниот дневен ред ќе се знае утре. изјави дека е јасно оти Владата ја има поддршката на мнозинството, но ќе овозможи дебата.

„Детски е што некои пратеници кои ја побараа оваа расправа одлучуваат да не учествуваат во неа. Утре имаме колегиум и потоа ќе слушнам дали некој сака или не сака да учествува во работата“, изјави Брнабиќ. 

Евентуалната блокада на работата на Собранието, додаде дека не е можна. На 15 ноември опозициските пратеници поднесоа предлог за изгласување недоверба на српскиот премиер Милош Вучевиќ. Предлогот потпишан од 71 пратеник следи по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад при што загинаа 15 лица.

Но, лидерот на опозициската Демократска партија, Срѓан Миливојевиќ изјави дека нема да учествуваат во најавената работа на парламентот. Според него, седницата на Собранието загубила смисла откако две студентки беа прегазни со автомобил на протестите во земјата. Студентите ги блокираат факултетите и бараат политичка и кривична одговорност за несреќата во Нови сад.

Студентите меѓудругото бараат и објавување на сите документи за зградата на железничката станица во Нови Сад, а премиерот Вучевиќ изјави дека Владата ќе се обиде да ги обезбеди.

„Ќе мораме да ги замолиме нашите кинески партнери да ни дозволат да ги објавиме документите што ги поседуваат, а се однесуваат на кинескиот изведувач со нивните подизведувачи, бидејќи тоа не е нешто што Владата го има на располагање“, рече Вучевиќ.

Тој изрази подготвеност и да разговара со студентите за што тие сметаат дека не е исполнето од нивните барања.

Ричард Гренел, претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии на социјалната мрежа Икс сподели видео од студентските протести во Србија со коментар дека е важно да се слушнат сите гласови, но, не и насилно да се заземаат институции.

„Секогаш е важно да можете да го кренете гласот и да бидете слушнати. Но, секој мора да го осуди насилството и да се држи до мирни демонстрации. Демократскиот процес мора да се почитува. Ние не ги поддржуваме оние кои ја поткопуваат правната држава и насилно ги окупираат зградите на државните институции. Доколку не го сакате правото или лидерот, тогаш работете да го смените тоа, но не прибегнувајте кон насилство“, напиша Гренел.

Од српската опозиција реагираа дека Грнел не е надлежен да ги коментира протестите, како што и српскиот претседател Александар Вучиќ не е надлежен да одговара на барањата на студентите.

За да биде изгласана недоверба на српската Влада потребно е мнозинство од вкупниот број пратеници, односно 250. Мнозинство во Парламентот има владејачката Српска напредна партија заедно со коалиционите партнери.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе