Балкан Вести

„Час во природа“ – Српските студенти и средношколци денес на протестен марш

Во Србија денес има генерален штрајк, односно „општограѓанска непослушност“, при што студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија да не одат на работа, на предавања и да не ги извршуваат секојдневните обврски.

„Ги земаме работите во свои раце. Вашето учество прави разлика“, им порачаа студентите на граѓаните.

Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии. На генералниот штрајк се приклучија и дел од медиумите, а „N1“ објави дека денес ќе известува само за штрајкот.

Најавено е дека во 11 часот и 52 минути на повеќе локации во земјата ќе продолжи комеморацијата во чест на загинатите во несреќата на железничката страница во Нови Сад, по што ќе следува генералниот штрајк.

За во 14 часот, пак, е закажан протест „Да разговараме, кој е толпа, а кој ѓубре“ во организација на одборот за протест на адвокатите пред зградата на Српското претседателство.

На генералниот штрајк се приклучуваат и средношколците.

Претседателот на ученичкиот парламент на Третата белградска гимназија, Стефан Марковиќ, за српскиот медиум „N1“ вели дека денес ќе имаат час во природа и генерален штрајк, при што пет часа ќе бидат на улица и ќе маршираат 15 километри низ Нов Белград.

Марковиќ вели дека средношколците во ова училиште имаат голема поддршка од наставниците, родителите и поранешните учесници за прекинот на наставата.

Движењето „Крени-промени“ објави неколку видеа на кои ја покажува својата поддршка за генералниот штрајк во Србија.

Едно од видеата е од продавници, кои вообичаено наутро биле преполни со потрошувачи, но не и денес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе