Ракомет Спорт

Почнува главниот предизвик за Македонија на СП 2025: Прв ривал е Австрија

Македонската ракометна репрезентација денеска од 15:30 часот против Австрија го игра првиот натпревар од главната фаза на Светското првенство што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашиот тим во групната фаза, оствари победа против Гвинеја од 29-20, а пренесе само еден бод поради ремито со Унгарија, 27-27. Единствениот пораз досега го имаме од Холандија со 37-32.

Македонија ја оствари својата првична цел на овој ракометен мундијал, па сега во Вараждин ќе цели кон нови победи за што подобар пласман. Во четврток во истиот термин од 15:30 часот играме со Катар, а во сабота во последното коло од главната фаза во групата 2 ќе се соочиме со фаворитот Франција.

РАКОМЕТ СП 20025
(главна фаза)

ГРУПА 1 (1.КОЛО)
ШВАЈЦАРИЈА – ТУНИС (15:30 ЧАСОТ)
ЧЕШКА – ИТАЛИЈА (18 ЧАСОТ)
ДАНСКА – ГЕРМАНИЈА (20:30 ЧАСОТ)

ГРУПА 2 (1.КОЛО)
АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА (15:30 ЧАСОТ)
КАТАР – ХОЛАНДИЈА (18 ЧАСОТ)
УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА (20:30 ЧАСОТ)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе