Ракомет Спорт

Почнува ракометниот мундијал за Македонија: На стартот силен тест против фаворитот Унгарија

Македонската ракометна репрезентација денеска го почнува настапот на седмото Светско првенство по ред. Во Вараждин ќе ги одмериме силите со силната Унгарија, која влегува како фаворит во овој дуел од 1.коло во Групата Д на ракометниот Мундијал.

Унгарците секогаш се тежок противник за Македонија и иако ова ќе биде наш прв дуел по цели 11 години, во минатото редовно игравме со овој ривал. Интересно за прв пат ќе се соочиме со Унгарија на Светските првенства, а последен пат игравме на Европското првенство во 2014, кога загубивме со 25-31.

За тимот предводен од шпанскиот стратег Чема Родригез, кој е поранешен соиграч на нашиот селектор Кирил Лазаров, не треба да се трошат премногу зборови во поглед на квалитетот. Тоа е репрезентација, која имаше инзвонредна 2024 година, кога заврши на 5.место на Европското првенство во Германија и настапи и на Олимписките игри во Париз изминатото лето.

Иако Македонија влегува како аутсајдер, момците на Лазаров се подготвени да го дадат максимумот и да покажат дека изненадувањата се возможни во групата Д.

За пласман во главната фаза на Светското првенство потребна ни е барем една победа, а во 2.коло ќе играме со Холандија на 17-ти јануари, а во последното коло на 19-ти ќе ги одмериме силите и со дебитантот Гвинеја.

Сега е време Македонија да покаже зошто е постојан учесник на големите турнири. Поддршката од верната „Фаланга“ и овој пат ќе биде нашиот адут во Хрватска.

РАКОМЕТ СП 2025
1.КОЛО

ГРУПА А
ЧЕШКА – ШВАЈЦАРИЈА (18 ЧАСОТ)
ГЕРМАНИЈА – ПОЛСКА (20:30 ЧАСОТ)

ГРУПА Д
ХОЛАНДИЈА – ГВИНЕЈА
УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Е
ПОРТУГАЛИЈА – САД
НОРВЕШКА – БРАЗИЛ

ГРУПА Х
ЕГИПЕТ – АРГЕНТИНА
ХРВАТСКА – БАХРЕИН

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Струга стои на патот на Вардар кон првиот Куп-трофеј по 18 години

Дејан Дејан

Оклахома убедлива на првиот натпревар со Минесота во финалето на Западот (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе