Протестите на универзитетите во Србија продолжуваат, со блокади на факултетите во Белград, Нови Сад и Крагуевац. Во акцијата „15 минути молк“, учествуваа и средношколците.
Во Белград, пред Фармацевтскиот факултет, се случи инцидент кога автомобил влетал во толпата и собори жена.
Студентите бараат исполнување на нивните барања, кои според нив, не се слушнати од владините претставници. Протестите добиваат поддршка од колеги од регионот и странство.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.