Вести Македонија

Елиот: Судството да работи без политички притисок

Да му се овозможи на судството да работи без политички притисок или влијание порaча Вирџинија Елиот, директорката на ИНЛ во амбасадата на САД.

Пораката доага во време на секојдневни критики и најави за робусна акција од претставници на власта и премиерот.

Ќе подолжиме да ги почитуваме светлите точки во судството, оние храбрите кои што реализираат и даваат отпор на притисоците од надвор рече Елиот кој цитирајки ја амбасадорката Агелер испрати апел до судиите – изберете акција наспроти самооправдување, пркост наспроти оставка, храброст наспроти страв.

Претседателот на Кривичен и прв човек на здружението на судии Иван Џолев, не сакаше да ги коментира најавите за робусна акција. Смета дека судската фела изминатите години била постојано напаѓана од разни општествени чинители но и дека довербата е повиаока од два проценти кои посотјано се споменуваат. Судиите ги повика да бидат обединети.

Заменик министерот за правда Деребан не смета дека најавите за акции се притосок врз судството. И тој ги повтори критиките за обвинитлстовото што ги слушаме од премиерот.

Деребан се согласува дека судството му е потребна и финансиска независност одноно повеќе средства но, вели за сега таква е финансиската сосотјбата во државата, а зголемување на судскиот буџет најавува за иднина.

Претсавниците на судстовот и денеска ја потенцираа потребата од повеќе средства и вработувања.

На конференцијата посветена на довербата независноста и транспарентноста во судството присуствуваат и судии од регионот, претставници на СИЛИ институтот од Прага, експерти новинари и претставници на невлаидн сектор.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе